Маж и жена од Британија ги изгладнувале децата и ги туширале со врела вода

Од:

Брачен пар од Велика Британија кои ги мачеле децата, ги оставале да гладуваат, ги туширале со врела вода и ги хранеле со сапун, се прогласени за виновни за повеќе точки од обвинението за злоупотреба на деца. Децата на Шерил Пиклс (35) и Ендру Хадвин (39) биле толку гладни што пешачеле повеќе од 6 километри за да пребаруваат низ корпите од супермаркетите во 4 часот наутро.

Кога го пријавиле злоставувањето на доверливо возрасно лице и случајот дошол во полиција, Хадвин и Пиклс ги фатила паника, фалсификувале писма и рекле дека нивните деца ги напишале, пишува Дејли мејл. „Жал ни е, лажевме“, пишувало во писмата. Експерт за ракопис подоцна утврдил дека писмата се лажни, односно дека не се работи за детски ракопис.

Полицијата започна истрага во 2018 година, по пријава за можна злоупотреба. Истрагата траела четири години, во текот на која детективите испрашале повеќе од 150 сведоци. Откриле дека Хадвин и Пиклс ги принудувале децата да јадат сапун и да се тушираат со врела вода, ги затворале во плакари и ги изгладнувале.

Децата често барале остатоци од храна на улица, а во една прилика биле затекнати како пешачат до супермаркетот во 4 часот наутро во потрага по храна. Парот нарачувал храна, а потоа ги терале децата да ги гледаат додека јадат, пишува Дејли мејл.

Тие беа прогласени за виновни за повеќекратни прекршоци за занемарување на деца во Судот во Дурам. Хадвин беше обвинет и за три точки за силување на малолетничка. Ним им беше одреден притвор до 28 април, кога ќе им биде изречена пресудата.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он