Матис: ИД и Ал Каеда се однесуваат како рок групи

Од:

Терористичката група Исламска држава и екстремистичката мрежа Ал Каеда се однесуваат како рок-групи – се разделуваат, па се собираат, ги менуваат своите имиња, изјави шефот на Пентагон, Џејмс Матис.

Оваа изјава тој ја даде пред комисијата за надворешни работи на Сенатот, во врска со употребата на воена сила на САД во странство.

Сенаторите побараа Матис да им објасни на која основа тој го користи овластувањето на Конгресот од 2001 година за употреба на воена сила. Прашањето доаѓа оттаму што со овој документ му се дозволува на претседателот на САД да води воени дејствија против Ал Каеда без да ги извести пратениците. Членовите на комисијата изразија чудење зошто Пентагон се раководи од даденото овластување при водењето на борбени дејства против ИД, која ги „прекинала сите односи“ со Ал Каеда.

Според Матис, терористите се обидуваат да ги користат американските закони против самите САД.

Тој истакна дека тие се сродни групи. Според него, САД војуваат со групи кои очигледно се водени од истите луѓе, се наоѓаат во ист регион, и имаат слични идеолошки принципи.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат