Матео Ренци ја предлага Ангела Меркел за посредник со Русија

Од:

Поранешниот премиер на Италија Матео Ренци и лидер на партијата Италија Вива предлага поранешната германска канцеларка Ангела Меркел да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

Ренци за весникот „Република“ изјави дека „испраќањето оружје во Киев не помага да се победи војната, ниту пак воведените санкции кон Русија. Тој предлага дијалог со претседателот Путин преку Ангела Меркел, посочувајќи дека „НАТО и ЕУ мора да најдат заеднички одговор, во спротивно новиот светски геополитички поредок уште долго ќе не распарчува“.

Ренци смета дека „Путин ја менува географијата на светот, поместувајќи го центарот на гравитација на исток. Ја предизвикува Европа бидејќи има пакт со Кина, Индија и многу африкански земји. Затоа реакцијата мора да биде политичка, рече Ренци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Околу 70 украински војници се предале на ДНР во последните две недели

Русите тврдат дека зазеле голема фабрика во Бахмут

Најмоќното руско оружје е на фронтот: Невозможно е да се преживее „солнцепек“

Русите признаа: Го загубивме воениот брод „Саратов“

Медиумите jа открија вистината за бројот на украинската „Странска легија“ – далеку од очекуваното

Путин: Русија ќе стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија

Горан Наумовски