Масовно тестирање во Италија откри 3.180 асимптоматски случаи на коронавирусот

Од:

Северната италијанска провинција Алто Адиџе тестираше повеќе од 350.000 жители за три дена, со цел откривање на асимптоматски случаи, односно лица заразени со Ковид-19 кои немаат никакви симптоми.

Според „Раи њуз 24“ при тестирањето откриени се 3.180 лица кои се заразени со коронавирусот, но не покажуваат никакви знаци на инфекција.

Заразените ќе бидат ставени во домашен карантин.

Претседателот на регионот, Арно Компачер рече дека на овој начин, регионот спречил нови 90.000 заразени лица, што сигурно ќе се случело ако асимптоматските не биле однапред откриени и ставени во изолација.

Алто Адиџе е провинција позната како многу популарен скијачки центар. Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца претходно изјави дека зимските спортови годинава ќе зависат од епидемиолошката состојба.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши