Mасовни протести на грчките острови Лезбос, Самос и Хиос против бегалците и мигрантите

Од:

Масовните протести што денеска се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Хиос за ситуацијата со бегалците и мигрантите, во рамките на генералниот штрајк, поминале мирно.

Протестите се одржале под слоганот „Ги сакаме назад нашите острови“, а според локалните медиуми од трите острови, илјадници граѓани се собрале на централните плоштади за да испратат порака дека мора да се подобри ситуацијата во бегалските кампови, преку пренесување во други делови на Грција, бараат да се намали бројот на бегалците и мигрантите, но и да не се градат нови прифатни центри.

Префектот на островите од северниот дел на Егејското море заедно со градоначалниците, утре ќе пристигнат во Атина, за нивната резолуција со барањата да ги достават до кабинетот на Мицотакис, до Министерството за внатрешни работи и до Парламентот.

Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, коментирајќи го штрајкот, рече дека е оправдана огорченоста на граѓаните за континуираната мигрантска криза и паралелно најави дека утре ќе се сретне со надлежниот префект и со градоначалниците на трите острови.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција