Маскирани напаѓачи пукале во група луѓе пред културен центар во Марсеј

Од:

Неколку маскирани напаѓачи започнале пукотници со „калашников“ во Марсеј, на југот од Франција, денеска околу 17 часот по локално време. Според првичните информации, едно лице е повредено.

Напаѓачите отвориле оган од три возила врз група млади луѓе што се наоѓале во близина на култниот центар „Лабусеран“, јавија локалните медиуми. Дошло и до размена на оган со припадниците на полицијата, која го блокирала тој дел од градот.

Медиумите наведуваат дека станува збор за тројца напаѓачи.