Маск испрати мејл до вработените во Твитер: Очекувам да бидете во канцеларија најмалку 40 часа неделно

Од:

Откако Твитер им кажа на своите вработени уште во мај 2020 година дека можат постојано да работат од дома доколку сакаат, Илон Маск реши да ја прекине таа опција за работниците. Новиот сопственик на Твитер преку електронска пошта им кажал на вработените дека се очекува да поминуваат минимум 40 часа неделно во канцеларија, пишува Би-би-си.

Маск претходно беше скептичен за далечинското работење, тврдејќи дека работата од дома ги тера луѓето да мислат дека навистина не треба да работат напорно. Така, во јуни оваа година, тој донесе одлука дека персоналот на Tesla повеќе нема да може да работи на далечина.

Одлуката да се прекине работата на далечина доаѓа многу брзо по најавата за отпуштање на речиси половина од вработените на Твитер. Маск тврди дека кратењата се неопходни бидејќи компанијата губела 4 милиони долари дневно. Тој е убеден дека забавувањето на глобалната економија дополнително ќе ги погоди приходите на Твитер од реклами.

Би можело да ве интересира

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски

Судот пресуди дека Твитер го прекршил договорот за исплата на бонуси на вработените

Горан Наумовски