Мас предупредува на критична ситуација во Заливот: Да се спречи избувнување војна

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, синоќа го предупреди Иран дека „грабнувањето на трговските бродови на други земји придонесува кон спиралата на ескалација“, која може да доведе до војна.

Мас за германски „Билд“ кажа дека одземањето на британскиот танкер и привремено одземање на уште еден брод ситуацијата во Заливот ја направија посериозна и поопасна отколку што реално е, пренесоа американските медиуми.

Според него, напорите на Европа се фокусирани на тоа каналите за комуникација да останат отворени за „гласот на разумот“.

Тоа е само заради спречување на војната, рече Мас.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје

Германската полиција го пронајде бебето на убиената жена од Украина

Горан Наумовски