Мас: Не ја следиме политиката на САД за Иран, важна е дипломатијата

Од:

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас изјави дека Берлин нема да го следи пристапот на американскиот претседател Доналд Трамп за Иран и оти наместо деескалација на ситуацијата преку дипломатија, САД спроведуваат стратегија на максимален притисок.

– Тоа што сега е потребно за деескалација, а со тоа се согласуваат и мојот британски и француски колега, истакна Мас во Париз по средбата со британскиот о францускиот министер за надворешни работи Џереми Хант и Жан Ив Ле Дријан.

Мас истакна дека Европа ќе продолжи да игра на дипломатската карта за решавање на кризата во Ормуски Залив.

Тој го повтори ставот дека Германија не сака да се придржува до ставот на САД за максимален притисок врз Техеран.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски