Мас: Наместо референдум ќе има „консултација со народот“ за иднината на Каталонија

Од:

Претседателот на Каталонија, Артур Мас изјави денеска во Барселона дека на 9 ноември, Каталонците, сепак, ќе излезат на гласање за иднината на овој шпански регион, иако само десетина часови пред тоа соопшти дека референдумот за независност се откажува.

Во изјава за лондонски „Дејли телеграф“, каталонскиот регионален претседател Мас вели дека за 25 денови, ќе има гласање, а ќе има и гласачко ливче што ќе треба да се заокружи, но тоа, сепак, нема да биде референдум, што носи со себе правни обврски, туку само една консултација со народот.

– Станува збор за едно сентиментално прикажување на расположените на луѓето (околу ова прашање) кое во иднина може да биде правна основа за барањето за референдумско изјаснување, изјави Мас.

Ваквиот пресврт во позицијата на каталонскиот сепаратистички лидер, доаѓа само кусо време по изјавата на шпанскиот премиер Мариано Рахој, кој го поздрави решението за „откажување на референдумот“ нудејќи „дијалог“ со каталонските власти.

Претставник на коалицијата партии кои заговараат референдум за отцепување од Шпанија, изјави претходно дека Мас на синоќешниот состанок ги известил своите политички партнери за тоа дека „планот за референдумот ќе мора да биде променет“.

Тема на состанокот било прашањето што да се прави понатаму – дали да се продолжи битката пред Уставниот суд на Шпанија кој го блокира референдумското изјаснување на 9 ноември, или да се покрене алтернативно решение на барањето за независност. Состанокот завршил без да се постигне било каква согласност.

Претпладнево, меѓутоа, Мас ја извести јавноста дека регионалната влада ќе продолжи со работите на организирање референдум и дека на 9 ноември ќе се одржи изјаснување на Каталонците, врз како што рече „нова правна рамка“.
За лондонскиот весник, Мас вели дека пред неколку месеци, регионалната влада покренала иницијатива за „спогодба со Шпанија“ околу референдум за независнст на Каталонија, но тоа не успеа поради отпорот на Мадрид.

– Сега ние сакама да извршиме консултација со народот, што не е исто како и референдум, но целта е идентична-да се види што мислат луѓето. Јас само го бранам концептот за консултативен референдум, изјави Артур Мас за „Дејли Телеграф“. заобиколкувајќи да каже дека таквото изјаснување, нема никaква правна тежина и не носи кон никого правни обврски.

Според објаснувањето на Мас, за „консултацијата“ ќе се грижат 20.000 доброволци, затоа што јавните лица и вработените во јавниот сектор не смеат да се вклучат во гласањето, затоа што се законски ограничени со одлуката на Уставниот суд. Како основа за идентификација на гласачите, ќе се користат шпанските лични карти.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски