Мас: Лукашенко ги користи мигрантите за да изврши притисок врз ЕУ

Од:

Германскиот министер Хајко Мас изјави дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ги користи илегалните мигранти за да изврши притисок врз Европската унија.

На состанокот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, Мас рече дека Лукашенко е „шеф на државната транспортна мрежа на илегални мигранти“.

Мас тврди дека Лукашенко ги користи бегалците како средство за притисок врз европските земји, а исто така го обвини Минск за потиснување на опозицијата и кршење на човековите права. Тој ја опиша политичката ситуација во Белорусија како „драматична“.

Германската федерална полиција претходно соопшти дека на почетокот на август повеќе од 4.300 илегални мигранти, претежно од Ирак, Сирија и Иран, пристигнале од територијата на Белорусија и Полска.

Претходно, полските власти донесоа одлука за воведување вонредна состојба во регионите на границата со Белорусија поради мигрантската криза.

Би можело да ве интересира

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир

Лукашенко: Извршителите на нападот во Москва прво се обиделе да побегнат во Белорусија

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо