Мас: Германија не е заробеник на Русија

Од:

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска реагираше на критиката на американскиот претседател Доналд Трамп дека Берлин е „заробеник“ на Русија, нагласувајќи оти Германците не се заробеници ниту на Москва ниту на Вашингтон.

– Ние не сме заробеници ниту на Русија ниту на САД. Ние сме еден од гарантите на слободниот свет и тоа така ќе остане, истакна Мас на маргините на Самитот на НАТО во Брисел.

Тој додаде и дека Берлин планира да ги зголеми расходите за одбраната за 80 проценти до 2024 година, истакнувајќи оти „тоа треба да биде признаено“.

Претходно и германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен реагираше на обвинението од страна на Трамп дека Германија е „целосно контролирана” од Москва.

– Имаме многу прашања со Русија без никакво сомневање. Од друга страна, треба да ја задржите линијата за комуникација меѓу држави или сојузници и противници без какви било прашања, изјави таа на прашање за обвинувањата на Трамп.

И францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не се согласува со оценката на Трамп дека Германија е „под целосна контрола“ на Русија поради еден гасовод.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов