Мартинес и неговата ќерка погребани во Салвадор

Од:

Таткото и ќерката кои се удавија во реката Рио Гранде, обидувајќи се илегално да влезат во САД, погребани се во Салвадор.

Оскар Мартинес (25) и неговата 23-месечна ќерка Енџи Валерија погребани се една недела откако вознемирувачката фотографија, на која се гледаат нивните безживотни тела во реката, го обиколи светот. Тие се погребани во јужниот дел на Сан Салвадор во присуство на околу 200 роднини и пријатели.

На новинарите не им беше дозволено да присуствуваат на погребот.

Мартинез ја пренел својата ќерка и се вратил на другиот брег да и помогне на сопругата. Но, девојчето паднало во река, а тој се обидел да ја спаси, но двајцата биле однесени од силна речна струја.

Фотографијата со нивните тела ја објави мексиканскиот весник „Хорнада“.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он