Марти Ахтисари се повлече од јавниот живот поради Алцхајмерова болест

Од:

Поранешниот фински претседател и добитник на Нобелова награда во 2008 година, Марти Ахтисари се повлече од јавниот живот поради борбата со Алцхајмеровата болест, соопшти неговата канцеларија.

– Осумдесет и четири годишниот политичар „се повлекува од сите јавни обврски“, се наведува во соопштението.

Тој добивал секојдневна грижа за својот живот во неговиот дом, а во некои случаи заминувал на лекување во медицинска установа. Во соопштението се додава дека неговото семејство инсистирало да се почитува неговото право на приватност.

Ахтисари, кој беше претседател на Финска од 1994 до 2000 година, ја доби Нобеловата награда за мир во 2008 година за неговите напори како посредник во решавањето на конфликтите, особено во Индонезија, Намибија, Северна Ирска и на Балканот.

Тој ги набљудуваше преговорите за помирување во 2005 година меѓу индонезиската влада и сепаратистичките бунтовници од Движењето Слободен Ацех, како и патот на Косово кон независност.

Би можело да ве интересира

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Финска има нов претседател