Марин: Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна за сама да и се спротистави на Русија

Од:

Финската премиерка, Сана Марин, денеска во Сиднеј изјави дека Европа „не е доволно силна“ сама да и се спротивстави на Москва.

Премиерката на Финска, земја-кандидат за членство во НАТО, при посетата на Австралија истакна дека руската инвазија на Украина ги открила слабостите и стратешките грешки на Европа во однос на Москва.

„Морам да бидам многу искрена со вас, Европа не е доволно силна во моментов, ќе бевме во неволја без САД“, рече Марин која додаде дека на Украина мора да и се помогне „со сите средства“.

Марин посочи дека САД одиграле централна улога во снабдувањето на Киев со оружје, финансиски ресурси и хуманитарна помош неопходни за да се запре напредувањето на Русија.

„Европа веќе долго време гради стратегија кон Русија за да ги зајакне економските врски, со купување енергија од Русија…мислевме дека тоа ќе ја спречи војната“, но се покажа дека таквиот пристап е „целосно погрешен“, рече премиерката на Финска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин