Марин Ле Пен побара забрана за носење религиозни симболи на јавни места

Од:

Лидерката на францускиот Национален фронт Марин Ле Пен побара воведување забрана за носење на муслимански шамии и други религиозни симболи на јавни места.

Нејзината изјава е објавена во денешното издание на весникот „Монд“, што се совпадна со тензиите во исламскиот свет поради спорниот американски филм „Невиноста на муслиманите“ и објавените карикатури на пророкот Мухамед во француско списание.

Во интервјуто Ле Пен повикува за забрана на религиозните симболи во јавната администрација, но не утврдува дали таа треба да се однесува и за јавниот транспорт и дали станува збор и за забрана по улиците. Во одговор на прашањето таа додава и дека штом ќе има ограничувања за шамиите, тогаш тоа ќе се однесува и на традиционалните еврејски капчиња.

Моментално во Франција со закон се забранети религиозните симболи во државните училишта. Со друг закон им се забранува на жените да бидат со покриени лица на јавни места.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден