Марин Ле Пен е за воведување на терминот „национален приоритет“ во францускиот Устав

Од:

Француската екстремно десничарска лидерка Марин Ле Пен денеска предложи терминот „национален приоритет“ да се вклучи во Уставот, да се укине правото на земја за странците да добиваат француско државјанство, и само Французите да добиваат семејни додатоци.

Ле Пен, која ја објави својата кандидатура за претседателските избори следната пролет, според анкетите на јавното мислење може да влезе во вториот круг од изборите.

-Дали Франција ќе остане Франција или ќе ја однесе неконтролиран вртлог на огромни миграциски токови кои ќе ја загрозат нашата култура, нашите вредности и нашиот начин на живот, праша кандидатката на екстремно десничарската партија „Национален собир“.

Ле Пен, која загуби на последните претседателски избори во 2017 година од актуелниот претседател, центристот Емануел Макрон, предложи закон за „контрола на имиграцијата“, за што ќе се одлучува на референдум.

Лидерката на екстремната десница денеска на новинарите им соопшти дека има три цели – контрола на имиграцијата, заштита на француското државјанство и супремација на францускиот Устав врз меѓународното право, со тоа што Уставот треба да биде над Европската конвенција за човекови права или Европскиот суд на правдата.

Според неа, одредени придобивки, како што се семејните надоместоци, треба да ги добиваат само Французите.

Таа смета дека сите „странски деликвенти“ треба да бидат протерани од Франција, додека правото на странците да добијат француско државјанство треба да се овозможи само под строги услови за проверка на податоците и со барање за нивна асимилација.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден