Марин: Финска се противи на отстапки на патот на Украина кон ЕУ

Од:

Хелсинки не ги поздравува отстапките на патот на Украина кон Европската унија, изјави финската премиерка Сана Марин во интервју за порталот Иле.

„Мислам дека не треба да правиме исклучоци за Украина, неопходно е да се исполнат критериумите“, рече Марин.

Таа додаде дека не гледа ништо лошо во статусот на кандидат за Украина, истакнувајќи дека таквиот статус не значи дека земјата „утре ќе стане членка на ЕУ“, пренесува РИА Новости.

„Се разбира, за членството ќе треба многу работа“, рече Марин.

Претходно премиерот на Холандија Марк Руте изјави дека има мали шанси Украина наскоро да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.

Слично мислење има и министерот-делегат во француското Министерство за надворешни работи за европски прашања, Клемент Бон, кој предупреди дека процесот на пристапување на Украина во ЕУ може да потрае 15-20 години.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николајенко, претходно изјави дека Украина очекува во јуни да добие статус на кандидат за влез во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев