Марели: Кибер нападот во јануари врз Црвениот крст беше многу софистициран и со цел

Од:

Меѓународниот Комитет Црвен Крст (МКЦК) на 19 јануари откри дека бил жртва на компјутерски напад. Кибер нападот што го претрпе МКЦК имаше ознаки на акција спроведена од држава или група со еквивалентни средства, потврди одговорното лице за компјутерска безбедност на организацијата, јави дописникот на МИА.

-Според лицата што го анализираа нападот, операцијата беше многу софистицирана и со цел, рече Масимо Марели за развојната информативна платформа Девекс, која го објави интервјуто денес.

МКЦК на 19 јануари откри дека била жртва на чин на компјутерски напад55а пиратерија, при што хакерите заплениле лични и доверливи податоци на повеќе од 515.000 исклучително ранливи луѓе, од кои некои избегале од конфликти и затвореници. Кога Девекс го запраша службеникот на МКЦК дали нивото на софистицираност на нападот значи дека тој бил извршен од држава, Масимо Марели објасни дека „тој е доволно софистициран за да биде компатибилен со тоа или со нешто слично“. Тој нагласи дека хакирањето би можело „да го прекрши духот и словото на меѓународното хуманитарно право“.

Припишувањето на најсофистицираните компјутерски напади е очигледно тешко, но во случајот на МКЦК има дополнителна димензија поради неутралноста.

-Тоа е многу чувствителна област, бидејќи не сакаме она што можеме да го откриеме да биде искористено од политички причини, објаснува Марели, предупредувајќи на какви било избрзани заклучоци и нагласувајќи дека секое припишување може да ја отежне работата на МКЦК.

Според него, ваков настан може сериозно да го наруши односот на доверба што и е потребен на хуманитарната организација со своите партнери, како што се страните во конфликт, кои се присутни во оваа зона на конфликт и погодените заедници.

-Тоа ја нагризува способноста на хуманитарната организација да работи, нагласува тој.

Приоритет на МКЦК е собраните податоци да не се користат против жртвите. Овие податоци доаѓаат од најмалку 60 национални друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина ширум светот. Во време на конфликти и катастрофи, семејствата може да ја изгубат трагата на саканата личност. МКЦК и Националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина работат на разјаснување на судбината на исчезнатите лица, размена на семејни пораки и обединување на семејствата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг