Марџори Тејлор Грин нема да биде казнета

Од:

Републиканците во Претставничкиот дом одлучија да не ја казнуваат пратеничката Марџори Тејлор Грин за пропагирање теории на заговор и коментари што вклучуваат поддршка за насилство врз демократите, како и за Лиз Чејни, која гласаше за отповикување на Доналд Трамп.

Контроверзната конгресменка од Џорџија, Тејлор Грин, нова во Конгресот и радикален поддржувач на Трамп, беше предмет на многу критики и повици за нејзина оставка поради поддршката за теориите на заговор, претходните негативни изјави за жртвите во масакрот во училиштето во Паркленд и повици за убиства на демократи.

Марџори Тејлор Грин (46) е на функција од минатиот месец.

Тие наведоа дека Грин се извинила за тие коментари, а републиканката сè уште се соочува со обиди на демократите кои го контролираат Претставничкиот дом да и ги одземат двете функции во комитети, за кои најверојатно ќе се гласа денеска.

На истиот состанок, републиканците со 145 гласа „за“ и 61 „против“, одлучија да не ја отстранат Лиз Чејни од нејзината позиција во Претставничкиот дом.

Чејни, заедно со уште девет републиканци во Претставничкиот дом, гласаа за импичмент на Трамп на 13 јануари, под обвиненија за бунт по смртоносниот напад на Капитол една недела претходно. Останатите 197 републиканци гласаа против, а таа вчера рече дека не жали за начинот на кој гласала.

Би можело да ве интересира

Во Конгресот на САД на 26 октомври расправа за Западен Балкан

Конгресот го спречи делумното затворање на американската Влада

Катерина Павлова-Николовска

Пелоси одби двајца Републиканци за комисијата за истрага на нападот на Конгресот, Мекарти ги повлече сите кандидати

Не планирав државен удар во случај да победи Бајден, се брани Трамп од последните обвинувања

Жарко Настоски

САД: Вакцинирани сите конгресмени-демократи

Жарко Настоски

Најавени над 100 нови обвиненија за нападот на Капитол

Жарко Настоски