Мануел Валс: Социјалистичката партија е мртва

Од:

Поранешниот премиер од редовите на социјалистите Мануел Валс изутринава потврди дека сака да биде кандидат на движењето „Републиката напред“ на новоизбраниот претседател Емануел Макрон, откако претходно повика да се гласа за Макрон уште пред првиот круг на претседателските избори, јавува дописникот на МИА од Париз.

dobivaj vesti na viber

Бенјамин Гриво, портпаролот на движењето Републиката напред, појасни дека Мануел Валс не ја има добиено се уште канидатурата од страна на Националната комисија за именување на движењето, кое планира да претстави свои кандидати за пратеници во сите 577 изборни единици.

Мануел Валс е тој кој го направи првиот чекор кон Емануел Maкрон, зборувајќи на радиото РТЛ, тој најави дека ќе биде „кандидат на претседателското мнозинство” на парламентарните избори, во Еври (Есон), и дека сака да стане дел од движењето Републиката напред, новото име на движењето на Емануел Maкрон.

– Ги поканувам сите сегашни пратеници, прогресивците, кои повикаа да се гласа за Емануел Maкрон пред првиот круг, оние кои ја сакаа неговата победа, јас да бидам кандидат на претседателското мнозинство, и би сакале да се запишам во ова негово движење, Републиката напред, рече поранешниот премиер,

– Му посакувам успех на Емануел Maкрон, додаде тој. -Да зборуваме отворено: ние се препознаваме во повеќето проекти на Емануел Maкрон, рече рече тој.

– Социјалистичката партија е мртва, таа е зад нас, не нејзината историја и вредности, но таа мора да се надмине, рече уште Валс.

Поранешниот премиер објасни дека да не се плаши од исклучувањето од Социјалистичката партија, на која тој сака да остане член: -Социјалистичката партија ќе го исклучи поранешен премиер, кој секогаш беше фер? А никогаш не исклучува или да си го постави прашањето за оние кои гласаа против законот за буџет или подготвуваа иницијативи за гласање доверба?, прашува тој.

Слична е ситуацијата и кај Републиканците, каде некои видни членови на партијата и кои извршувале високи функции, сега сакаат да застанат зад новиот претседател, кој функцијата официјално ја презема на 14 мај.

Кандидатите на новото политичко движење Републиката напред се очекува да ги номинира своите канидати за пратеници во сите 577 изборни единици, в четврток напладне. Досега имаат околу 500 сигурни кандидати.

Би можело да ве интересира

Франција репатрираше група жени и деца од кампови на ИД во Сирија

Франција стана најголем купувач на руски природен гас: Која е причината?

Ле Мер: ЕУ работи на алтернативни начини за воведување глобална даночна стапка

А1он

Францускиот предлог стигна до Владата

Катерина Павлова-Николовска

Завршува Француското претседавање со Европската Унија

Јаел Браун-Пивет е избрана за претседателка на Националното собрание на Франција

А1он