Мамер: Фон дер Лајен беше изненадена од протоколот кај претседателот Ердоган

Од:

Од Европската Комисија денеска не го коментираат инцидентот за време на посетата на ЕУ челниците, Шарл Мишел и Урусла фон дер Лајен, во Анкара кога претседателката на Европската Комисија (ЕК) доби седиште оддалечено од Ердоган и Мишел, јави дописничката на МИА од Брисел.

Видеото е објавено после средбата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. На видеото јасно се гледа дека фон дер Лајен, единствената жена, мора да седи на одделно седиште, оддалечено од двајцата мажи, иако таа има ист протоколарен статус како и Шарл Мишел. На слики од претходни посети на претседатели на овие две институции кај Ердоган се гледа јасно дека сите се седнати на исто место, со ист статус.

Новинарите денеска побараа одговори од Европската Комисија зошто фон дер Лајен прифатила да биде третирана така од страна на турскиот претседател.

Нејзиниот портпарол, Ерик Мамер, истакна дека таа самата била изненадена од оваа одлука, “како што се гледа на снимката“, додаде Мамер. Сепак, за Европската Комисија е поважно да се задржи фокусот на содржината на средбата, наместо на формата.

-Средбата беше подготвена преку вообичаените канали со инволвираност на нашата делегација во Анкара, но службата за протокол на Европската Комисија не беше дел од патувањето поради Ковид-19, како што гледаме на снимката претседателката беше изненадена, но без разлика на изненаденоста, таа претпочиташе да и даде приоритет на содржината наместо на протоколот, и тоа е тоа што го очекуваат граѓаните на ЕУ, изјави денеска Ерик Мамер.

Тој потврди дека фон дер Лајен и Мишел имаат ист протоколарен статус и дека секогаш се третирани на еднаков начин при посети во странство.

Мишел и фон дер Лајен вчера ја посетија Анкара во обид да ги рестартираат односите со Турција по бројните проблеми, како во делот со бегалците, така и со тензиите во источниот Медитеран, Грција и Кипар. Европската Унија го осуди унилатералното повлекување на Турција од Истанбулската Конвенција за заштита на жените од насилство.

Претседателката фон дер Лајен вчера изјави дека јасно му ставила на знаење на Ердоган дека ова повлекување не е прифатливо за ЕУ.

Би можело да ве интересира

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ