Малтешката војска од брод во дефект во Средоземно море спасила 96 мигранти

Од:

Војската на Малта вчера спасила група од 95 мигранти, откако нивниот брод имал дефект и постоела можност да се преврти.

Портпаролот на малтешката армија потврди, без да даде други детали, дека групата мигранти ќе биде транспортирана на брегот.

Весникот „Тајмс оф Малта“, повикувајќи се на владини извори, наведува дека мигрантите биле спасени „многу далеку“ од малтешкиот брег, но во рамките на зоната за пребарување и спасување.

Бродот испуштил гориво и постоела можност да се преврти, соопшти во неделата „Аларм телефон“, телефонска служба за мигранти во итни случаи. Луѓето на бродот викале „умираме“.

„Аларм Телефон“ наведува дека веднаш ги известил малтешките и италијанските власти за проблематичниот брод, но од нив не добиле повратен одговор. Оттаму наведуваат дека Малта цели 30 часа не им пружила помош на мигрантите и дека имало „систематски одложувања“ во операциите за спасување.

Втората група од 45 мигранти беше спасена од италијанските власти и однесена во Лампдедуза, во неделата вечерта, наведе „Аларм телефон“.

Лампедуза, најјужната точка на Италија, последниве денови е преплавена со мигранти и градоначалникот кажа дека може да се прогласи вонредна состојба.

Агенцијата АНСА наведува дека над 150 мигранти пристигнале ноќе на островот, каде веќе се стотици други, претежно од Тунис.

Постојат и обвинувања за мигранти кои избегале од центрите за мигранти во Сицилија и кршејќи ги правилата за карантин, додека едно сомалиско семејство кое слета во Лампедуза минатата недела тестирало позитивно за Ковид-19.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов