Малта: Лекарите и медицинските сестри ќе штрајкуваат ако не се откажат музичките фестивали

Од:

Лекарите и медицинските сестри на Малта денеска се заканија со штрајк поради тоа што најавените четири големи музички фестивали би можеле да бидат голем ризик за ширење на новиот коронавирус.

Помеѓу најавените фестивали е и БПМ Фестивалот на електронска музика од 11 до 13 септември. Фестивалите би требало да привлечат илјадници странски туристи во август и септември.

Медицинското здружение на Малта најави дека ќе ги затвори сите клиники и ќе ги советува лекарите да ги одложат сите вонболнички интервенции во државните болници ако не се откажат фестивалите.

Синдикатот на медицински сестри и акушерки претходно и постави ултиматум на Владата да ги откаже планираните настани и го обвини премиерот на Малта, Роберт Абел дека ги избрал „алчните претприемачи“ пред животите на ранливите луѓе.

И фармацевтите најавија штрајк ако не се откажат фестивалите.

Малта укина дел од рестриктивните мерки во јуни и јули, а Абел изјави дека земјата е „отворена за бизнис“. Но, забележан е пораст на заразени лица со Ковид-19 по забавата што траеше цел викенд.

Бројот на активни сличаи во Малта денеска порасна од 10 на 150, а повеќе од половината инфицирани односно 85 се мигранти кои биле спасени на море.

Малтешкиот министер за здравство Крис Феарн вчера објави нови рестрикции за настаните на кои има повеќе од сто луѓе, но новите правила не ги смирија противниците на фестивалите.

Би можело да ве интересира

Продолжува штрајкот на специјализантите: „Нема желба од Владата да се решат нашите проблеми“

Орце Костов

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

(ВИДЕО) Немаме партиски, имаме крводарителски книшки: Специјализантите штрајкуваат и чекаат одлука на Влада

Орце Костов

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи