Малпас: Сметката за обнова на Украина се зголемува, но нема замор кај донаторите

Од:

Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас вчера изјави дека очекуваните трошоци за обнова на Украина „значително“ ќе ги надминат прогнозите од речиси 350 милијарди долари на почетокот на оваа година, со оглед на руските напади врз енергетската и друга инфраструктура на Украина.

На конференцијата на Ројтерс НЕКСТ (Reuters NEXT), Малпас рече дека не гледа „замор кај донаторите“ од меѓународната заедница и покрај огромните трошоци за војната, но има „огромно разочарување“ од Русија поради тоа што војната продолжува.

– Ова е исцрпувачка и крајно фрустрирачка војна, рече претседателот на Светска банка, истакнувајќи дека руските претставници сега не се добредојдени на меѓународните состаноци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ