Мала бомба пукна до амбасадата на Израел во Њу Делхи

Од:

Индиската полиција потврди дека експлозивна направа со „многу слаб интензитет“ била активирана денеска во близина на израелската амбасада во Њу Делхи, но никој не е повреден и е причинета мала материјална штета.

Според американски медиуми, полицијата во Њу Делхи објавила дека е предизвикана само штета на прозорците на три автомобили што биле паркирани во близина.

Во полициското соопштение исто така се вели дека прелиминарната истрага укажува дека станува збор за обид да се создаде сензација, како и дека во тек е понатамошна истрага.

Експлозија на бомба под автомобилот на израелската амбасада во Њу Делхи во 2012 година повреди четири лица, вклучувајќи ја и сопругата на еден дипломат.

Полицијата тогаш соопшти дека двајца мажи кои возеле мотор поставиле експлозивна направа под автомобилот кога застанал на семафор, и кој експлодирал кратко потоа, а Израел го обвини Иран за вмешаност во тој терористички акт. Израелски медиуми јавија дека тамошните власти го оквалификувале денешниот инцидент во Њу Делхи како „терористички напад“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама