Макрон со писмо до граѓаните на Европа: Брегзитот е симбол на кризата во Европа

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон во писмото упатено до граѓаните на Европа ја открива својата визија за Европа и за проектите зад кои сака да застане, непосредно пред изборите за Европскиот парламент.

„Никогаш од Втората светска војна досега Европа не била толку неопходна. А сепак, Европа никогаш не била толку во опасност. Брегзитот е симбол за тоа. Симбол на кризата во Европа, која не можеше да ги задоволи потребите за заштита на луѓето наспроти големите удари што ги задаваше современиот свет. Симбол е, исто така, на европската стапица. Но стапицата не е во припадноста кон Европската унија; таа е во лагата и во неодговорноста што може да ја уништат. Дали некој им ја кажа на Британците вистината за нивната иднина по Брегзитот? Дали некој им спомена губење на пристапот до европскиот пазар? Дали некој зборуваше за ризиците по мирот во Ирска со враќање на границата од минатото? Националистичкото повлекување не нуди ништо; само безидејно отфрлање. Таа стапица е закана за цела Европа: тие што се служат со гневот, поддржани од лажните информации, ветуваат сè и сешто“, пишува Макрон.

Според него, заснована врз внатрешното помирување, Европската унија заборави да гледа кон реалноста во светот.

„Но, ниту една заедница не создава чувство на припадност ако нема граници што ги штити. Границата значи да се биде слободен во безбеден простор. Мора повторно да воведеме ред во Шенген зоната: сите оние кои сакаат да учествуваат мора да ги исполнат обврските за одговорност (строга контрола на границите) и солидарност (иста политика на азил, исти правила на прием и одбивање). Заедничка гранична полиција и канцеларија за европски азил, задолжителна строга контрола, европска солидарност кон која секоја земја ќе придонесува, под надлежност на Европски совет за внатрешна безбедност: соочени со миграциите, верувам во Европа која ги штити и своите вредности и сопствените граници. Истите барања мора да се однесуваат и на одбраната. Значителен напредок е направен во текот на последните две години, но мора да поставиме јасен курс: да склучиме одбранбен и безбедносен договор кој ќе ги дефинира нашите неопходни обврски, заедно со НАТО и нашите европски сојузници: да се зголеми прагот на воените трошоци, да се воведе клаузула за взаемна оперативна одбрана, да се воспостави Европски совет за безбедност кој го вклучува Обединетото Кралство за да ги подготвиме нашите колективни одлуки“, пишува Макрон.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден