Макрон се заложи за помирување со Алжир

Од:

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изрази волја за помирување на спомените меѓу Французите и Алжирците и покрај „одредениот отпор“ што постои во Алжир.

„Верувам дека оваа волја е широко прифатена и од алжирскиот претседател, Абделмаџид Тебун. Точно е дека треба да се земе предвид и одредениот отпор“, рече Макрон за „Фигаро“.

Францускиот претседател како неприфатлива ја оцени неодамнешната изјава на алжирскиот министер за труд, Хачеми Џaабуба, кој кажа дека Франција е „традиционален и вечен непријател“ на Алжирците.

Традиционално чувствителните односи меѓу Франција и Алжир неодамна дополнително с заладија по одложувањето на патувањето на францускиот премиер Жан Кастекс во Алжир.

Од крајот на Алжирската војна за независност во 1962 година, Франција и Алжир истовремено одржуваат и блиски и сложени односи, во заднината на бурното помирување.

Двете земји имаат силни економски врски, добра разузнавачка соработка, но болно колонијално минато. А во Франција живее и бројна алжирска заедница.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден