Макрон се закани дека ќе ги повлече француските војници од Мали

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека неговата земјата ќе ја повлече својата армија од Мали доколку продолжи институционалната нестабилност во оваа африканска земја.

Макрон пред новинарите кажа дека приоритетот на Франција во Мали е борбата против тероризмот.

-Присуството на нашите сили на теренот не е доволно во оваа борба. Тоа, исто така, бара и зајакнување на стабилни и легитимни институции, додаде тој.

Франција во Мали има повеќе од 5.000 војници.

Макрон го објави ова еден ден откако лидерите на Западна Африка го суспендираа Мали од нивниот регионален блок, Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС), а како причина за тоа тие го наведоа последниот воен удар, изведен минатата недела во Мали.

ЕКОВАС побара веднаш да биде номиниран нов цивилен премиер, да се формира нова инклузивна влада и да се спроведе осумнаесетмесечна транзиција на власта до изборите во февруари 2022 година.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано