Макрон: Русија да објасни за труењето на Навални, има црвени линии за користењето хемиско оружје

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска побара од Русија итно да го објасни случајот со труењето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални и нагласи дека Париз нема да дозволи да се преминат „црвените линии“ во врска со употребата на хемиско оружје.

– Ние нема да толерираме употреба на хемиско оружје во Европа, Русија или Сирија. Ова појаснување мора да биде брзо и беспрекорно, затоа што ќе ги примениме нашите црвени линии, потенцира Макрон на Генералното собрание на ОН.

Сепак, тој не прецизираше што ќе се стори доколку Русија не даде задоволителни објаснувања.

Кремљ негира каква било вмешаност во труењето на Навални.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени