Макрон претстави 21 нов проект за странски инвестиции во Франција

Од:

Француското претседателство претстави 21 нов проект за странски инвестициски во земјата со вредност над четири милијарди евра со што, според франциски медиуми, шефот на државата Емануел Макрон ќе може да продолжи со својата политика на задржување на имиџот на Франција како атрактивна инвестициска дестинација три месеци пред претседателските избори.

Владата ја гледа новата инвестиција како успех на својата политика за реиндустријализација, што е една од темите на предизборната кампања.

Според анкетата на институтот ИФОП објавена на 4 јануари, 82 отсто од Французите веруваат дека деиндустријализацијата е закана за францускиот идентитет. Најважен од најавените проекти е оној на американската групација Истман (Eastman), специјализирана за производство на суровини, која ќе инвестира 850 милиони евра во фабрика за рециклирање пластика. Ќе вработи 350 лица, а локацијата допрва ќе се утврдува. Извршниот директор на компанијата Марк Коста ќе биде примен во Елисејската палата од францускиот претседател, соопштија информирани извори.

Новите 21 проект ќе отворат повеќе од 10.000 работни места, според Елисејската палата.

Франција беше водечка дестинација за странски инвестиции во Европа во 2019 и 2020 година, според барометарот Ернст и Јанг (EY).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени

Макрон повика на забрзана транзиција кон „воена економија“ и помош за Украина

Горан Наумовски

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ