Макрон: Постои ризик дека епидемијата ќе ги поткопа основните столбови на ЕУ

Од:

Претседателот на Франција, Емануел Макрон ги предупреди лидеирте на земјите-членки на Европска Унија дека кризата со новиот коронавирус го доведува под прашање „опстанокот на европскиот проект“.

– Постои ризик дека епидемијата ќе ги поткопа основните столбови на Унијата, изјави Макрон на вчерашниот Европски совет, што се одржа преку видеоконференциска врска.

Тој додаде дека постои опасност од распаѓање на шенгенм просторот за слободно движење. Шенгенскито договор вчера одбележа 25 години со затворени внатрешни граници на ЕУ поради Ковид-19.

На виртуелниот Самит на ЕУ, германската канцеларка Ангела Меркел се изјасни против издавањето на заеднички европски „корона обврзници“ со цел да се поддржи економијата.

Франција и Италија неодамна предложија издавање на такви „обврзници“.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј