Макрон подготвен на разговори за односите меѓу Париз и Корзика

Од:

Владата на Франција би можела да разгледа некои измени во односите меѓу Париз и островот Корзика, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Тој сепак ја отфрли можноста за признавање на корзиканскиот како службен јазик или усвојување нови правила за купување имоти.

Коалицијата на корзикански автономистички и сепаратистички партии, која на изборите на почетокот на декември освои две третини од местата во Регионалниот совет, се залага за поголема автономија на Корзика, за зголемување на надлежносите на регионалните власти во даночната политика и за прогласување на корзиканскиот за службен јазик на островот, заедно со француксиот.

Тие бараат и право за купување имот на Корзика да имаат само лица кои најмалку 5 години живеат на островот, како и ослободување на сепаратистичките активисти обвинети за извршени напади врз државни институции и приватни имоти, кои корзиканските националисти ги сметаат за „политички затвореници“.

– Во иднина би можеле да разгледаме евентуални промени, што и премиерот им го најави на коризканските лидери, изјави Макрон во интервју за шпанскиот весник „Мундо“.

Тој сепак смета дека тие промани мора да бидат во рамките на Уставот на Франција. Тој не напомена за што е подготвен да преговара, а ова е прв пат јавно да ја најави таа можност откако беше избран за претседател на Франција.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано