Макрон планира самит во Париз во 2023 година за помош на ранливите земји од климатските промени

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека сака да организира самит во Париз во 2023 година за да воспостави „нов финансиски пакт“ за ранливите земји, по завршувањето на КОП27 во Египет, јави дописникот на МИА.

„Потребен ни е нов финансиски пакт за најранливите земји. Ќе работам на тоа со нашите партнери со цел одржување на самит во Париз пред следниот КОП што треба да се одржи во Дубаи на крајот на 2023 година“, напиша Макрон на Твитер.

КОП27 заврши во неделата со жестоко оспоруван текст за помош на сиромашните земји погодени од климатските промени, но и за неуспехот да се постават нови амбиции за намалување на гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени

Макрон повика на забрзана транзиција кон „воена економија“ и помош за Украина

Горан Наумовски

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Блумберг: Макрон е силен на зборови, но не издвојува пари за Украина

Горан Наумовски

Макрон: Присилното преселување на населението од Газа е воено злосторство

Макрон: Русија не е голема сила

Горан Наумовски