Макрон: Пензиската реформа е „историска за земјата“

Од:

Шефот на француската држава Емануел Макрон ја оцени реформата на пензискиот систем како „историска за земјата“.

Францускиот претседател својата оценка ја даде на маргините на Самитот на ЕУ во Брисел, откако вчера одби да им одговори на новинарите на ова прашање.

– Ова е историска реформа за земјата. Историска за повторно втемелување на државата заштитничка од 21 век. И во моментот кога сметам дека е најповолна, ќе зборувам од Париз, нагласи Макрон.

Сепак штрајкот што трае веќе девет дена во Франција, иако бројот на штрајкувачите се намали, ситуацијата во сообраќајот не се подобри. Повеќе синдикати, сега скоро сите без исклучок, повикаа на национална мобилизација, закажана за идниот вторник.

Би можело да ве интересира

Во погоелм број француски градови задолжително носење маска и на отворено

Ана Ололовска

Инфлацијата во Франција се забрзува

Ана Ололовска

Ер Франс-КЛМ објавија загуби од 2,6 милијарди евра за вториот квартал на годината

Ана Ололовска

На југот од Франција ставен под контрола шумскиот пожар кој опустоши 165 хектари

Ана Ололовска

Историски пад на францускиот БДП од 13,8 отсто во вториот квартал

Ана Ололовска

Кастекс: Франција нема да воведе карантински мерки на национално ниво

Ана Ололовска