Макрон оваа недела ќе објави дека француските трупи ќе бидат повлечени од Мали, тврдат безбедносни извори

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон оваа недела ќе објави дека француските трупи ќе бидат повлечени од Мали и прераспоредени на друго место во Сахел по распадот на врските со воениот режим на земјата, јавија француски медиуми повикувајќи се на извори. Неколку безбедносни извори, кои сакаа да останат анонимни, изјавија дека најавата на Макрон за завршување на деветгодишната француска мисија во Мали ќе се совпадне со самитот на Европската унија и Африканската унија в четврток и петок во Брисел.

Франција првично распореди војници во 2013 година за да ги победи напредните џихадистички борци во северниот дел на Мали.

Макрон утревечер во Елисејската палата ќе биде домаќин на средба со „шефовите на држави-партнери“ на која ќе се разговара за француското присуство во Сахел, особено во Мали, во контекст на борбата против тероризмот.

Екстремистите се прегрупираа и во 2015 година се преселија во централниот дел на Мали, пред да започнат прекугранични напади врз соседните Нигер и Буркина Фасо.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден