Макрон: Нема да ја условуваме продажбата на оружје за Египет

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека имал „искрен разговор“ со египетскиот колега Абдел ал-Сиси, додавајќи дека нема да ја условува продажбата на оружје за таа африканска земја.

По средбата во Елисејската палата, двајцата лидери одржаа заедничка прес-конференција.

Египетскиот претседател се наоѓа во дводневна посета на Франција, но и покрај надежите дека односите меѓу овие две земји ќе бидат поблиски, впечатокот е дека подобрувањето е ставено во втор план поради човековите права во Египет.

Макрон истакна дека, иако е постигнат напредок во стабилизација на Либија, „постојат константни закани од надворешни фактори“.

Тој додаде дека нема да ја условува продажбата на оружје за Египет поради човековите права, бидејќи не сака да ослабе позицијата на Каиро во борбата против тероризмот во регионот.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден