Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Ерусалим изјави дека негирањето на правото на постоење на Израел како држава е нова форма на антисемитизам, пренесоа француските медиуми.

Макрон се наоѓа во Ерусалим за одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц.
Претходно тој денеска разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со претседателот Ревен Ривлин, кој ги поздрави напорите на Франција во борбата против антисемитизмот, вклучувајќи ја и неодамнешната резолуција.
Антиционизмот, кога се изразува во негирање на постоењето на Израел како држава, претставува антисемитизам, рече Макрон на заедничката прес конференција со Ривлин во Ерусалим.

„Тоа не значи дека не е можно да имаме разлики, да критикуваме едни или други дејствија на израелската Влада, но негирањето на неговото постоење денеска претставува една современа форма на антисемитизам“, дополни францускиот претседател.

Макрон, исто така, кажа дека Франција нема да отстапи пред нуклеарните амбиции на Иран и дека неговата земја е решена да не му дозволи на Техеран никогаш да се здобие со нуклеарно оружје, пренесоа британските медиуми.

„Во актуелниот контекст Франција е решена на Иран да не му дозволи да се стекне со нуклеарно оружје, но, исто така, ќе избегнеме секаква воена ескалација во регионот”, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ

Фалената „железна купола“ не пресретнала ниту една од хиперсоничните ракети на Иран

Предраг Петровиќ