Макрон најави мерки за спас на француската култура погодена од коронавирусот

Од:

Францускиот претседател на видеоконференција со дванаесет видни личности од културата во Франција, даде предлози за поддршка на секторот, целосно запрен речиси два месеци.

Соочен со „виталната, морална и економска криза“ низ која минува светот на културата веќе два месеци, Емануел Макрон нема „план“.

Тој претпочита да зборува за заедничка амбиција: „обнова на културната амбиција на земјата“.

-Ние мора да го прифатиме големиот јаз помеѓу наивниот идеализам и формата на прагматизам во пресрет на економската и социјалната криза, рече тој, пред да даде предлози за заживување на секторот.

Предлозите се изработени со министерот за култура Франк Ристер, министерот за економија Бруно Ле Мер и Министерот за труд Муриел Пенико.

Започнувајќи од 11 мај и во наредните денови, со излегувањето од изолацијата ќе се отворат музеите, книжарниците, уметнички галерии, но со прилагодување на ограничувањата за да се спречи ширењето на вирусот.

Претседателот, исто така, сака да се отворат салите за спектакли. Но не за да се даваат претстави како порано, туку да се примат уметниците и техничарите за да продолжат со пробите, да подготвуваат „снимки“ што ќе се емитуваат на телевизија или на Интернет и за да се подготви „следната сезона“.

Враќањето на културата, сè уште изгледа нејасно, па и за претседателот.

-Не знам каде ќе биде оваа епидемија следната сезона. Ние ќе мора да креираме под екстремни ограничувања, да замислиме други форми.

 

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано