Макрон: Лондон без обврски, но и без правата кои ги имаше

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека и покрај тоа што Париз сака да одржи цврски односи со Лондон по Брегзит, Велика Британија не може да очекува дека ќе биде третирана на ист начин како и кога беше дел од ЕУ.

– Не можете да бидете и внатре и надвор. Британскиот народ избра да ја напушти Европската унија. Нема да имате исти обврски, но нема да имате ниту исти права, истакна синоќа Макрон во телевизиското обраќање до нацијата по повод излезот на Велика Британија од Унијата.

Тој нагласи дека во идните преговори околу односите на Британија и ЕУ ќе ги штити интересите на француските работници, рибари и земјоделци.

– И во тие преговори ќе бидеме сложни, ние сите 27 членки, нагласи францускиот претседател.

Макрон го нарече Брегзит „шок“ и „историски алармен сигнал“, кој треба да ја принуди ЕУ да се поправи.

Тој повика на воспоставување „појасен европски проект“, кој ќе биде поедноставен за граѓаните на ЕУ.

– Ова е тажен ден, тоа не можеме да го скриеме, но исто така и ден кој треба да не наведе да работиме поинаку, порача Макрон.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ако Франција испрати војници во Украина, директен конфликт со НАТО е неизбежен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Макрон не исклучува испраќање западни трупи во Украина

Катерина Ѓуровски

Макрон веќе не му се јавува на Путин

Макрон: Училиштата ќе бидат немилосрдни во забраната за носење муслиманскa абаja

Макрон: Да се ​​биде сојузник на САД не значи да се биде нивни вазал

(ВИДЕО) Париз како депонија: На пензиската реформа на Макрон се противат и ѓубреџиите