Макрон: Кризата со „жолтите елеци“ ме наведе да го променам ставот кон граѓаните

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон призна дека кризата со граѓанското движење Жолти елеци „на некој начин била добра“ за него, бидејќи го навела да го промени ставот спрема Французите.

– На некој начин ситуацијата со Жолтите елеци беше многу добра за мене…бидејќи ме потсетија што треба да работам. Веројатно оставив впечаток дека сакам реформи против народот. Понекогаш мојата нетрпеливост се толкува како нетрпеливост кон Французите, што не е случај, рече Макрон во интервју за американскиот весник Тајм.

Тој додаде дека е на половина од својот петгодишен мандат и дека се наоѓа во фаза меѓу примена на реформи и појавување резултати.

– Мојот предизвик е подобро да ги слушам луѓето, отколку што тоа го правев на почетокот, рече францускиот претседател.

Европското издание на американскиот Тајм ја посвети насловната страница на Макрон, што е вторпат од почетокот на неговиот мандат во мај 2017 година.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Макрон: Мораме трајно да се подготвиме за геополитички и геостратешки промени

Макрон повика на забрзана транзиција кон „воена економија“ и помош за Украина

Горан Наумовски

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Србија добива најнови „рафали“, но и Луј Витон и летачко такси доаѓаат во Белград

Предраг Петровиќ

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор