Макрон ќе предлага решенија за барањата на „жолтите елеци“

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го објави долгоочекуваниот план за решенија за барањата од петмесечните протести на „жолтите елеци“.

Макрон ќе одржи говор во Елисејската палата по тримесечната национална дебата, која имаше за цел да одговори на незадоволството на демонстрантите.

Се очекува Макрон да одговори на незадоволството поради намалувањето на куповната моќ на населението со намалување на даноците за домаќинства со ниски приходи, со мерки за зголемување на пензиите и со помош на самохрани родители.

Демонстрантите сметаат дека Макрон им дава предност на богатите и бараат поголема еднаквост во приходите. Макрон имаше намера да ги објави мерките минатата недела, но го одложи тоа поради пожарот во катедралата Нотр Дам.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден