Макрон ја врачи наградата „Симон Веј“ на Камерунка која им помага на жените жртви на насилство

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон ја врачи наградата „Симон Веј“ на Камерунката Аиса Думара, која го води здружението за помош на жртвите на силување и присилни бракови во својата земја.

Добитничката на наградата рече дека признанието го посветува на сите жени жртви на насилство, силување и присилен брак.

Макрон на церемонијата рече дека ќе бидат издвоени 120 милиони евра за борба против насилството и дискриминацијата над жените.

Наградата востановена годинава, која беше враченна на Меѓународниот ден на жената, е дел од омажот на поранешната француска министерка Симој Веј, значајна личност во политичкиот живот на Франција, која почина на 30 јуни 2017 година, на возраст од 90 години.

Таа беше политичарка која придонесе за еманципација на жените и заслужна е за легализација на абортусот во Франција во 1974 година, како и за усвојување на законот за контрацепција.

Симон Веј ги преживеа нацистичките концентрациски логори и особено е значајна нејзината работа околу основањето на Фондацијата за сеќавање на Холокаустот.

Наградата која го носи нејзиното име има и финансиски дел, кој изнесува 100.000 евра.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Блумберг: Макрон е силен на зборови, но не издвојува пари за Украина

Горан Наумовски

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Макрон: Присилното преселување на населението од Газа е воено злосторство

Макрон: Русија не е голема сила

Горан Наумовски

Макрон: Европа треба да се подготви за војна ако сака мир