Макрон ја назначи Елизабет Борн за нов француски премиер

Од:

Триесет години по краткиот престој на Едит Кресон (1991-1992) во хотелот „Де Матињон“, од вечерва тој повторно ќе биде запоседнат од жена. Реизбраниот француски претседател Емануел Макрон денеска ја назначи Елизабет Борн за нов премиер на земјата, соопшти Елисејската палата, јави дописникот на МИА.

Поранешната шефица на РАТП и поранешен префект на Поату-Шарент, во 2017 година му се приклучи на шефот на државата и неговиот прв мандат таа последователно беше министерка за транспортот, за еколошката транзиција, за на крајот да биде и минитерка за труд.

-Таа во неговиот петгодшен мандат ги отелотвори повеќето големи трансформации подобро од кој било друг“, забележа извор близок до Макрон.
Нејзиниот претходник, Жан Кастекс, попладнево во Елисејската палата ја поднесе својата оставка до претседателот на Републиката. Во писмо тој зборува за „новата ера што се отвора“ и најавува дека ќе се држи подалеку од националниот политички живот. Но, претходно Кастекс, сепак, ќе мора да го мине традиционалниот трансфер на власта, со новиот шеф на владата.

Борн потоа, во договор со шефот на државата, ќе треба да го формира тимот што ќе ја сочинува извршната власт до изборите во јуни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ако Франција испрати војници во Украина, директен конфликт со НАТО е неизбежен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Макрон не исклучува испраќање западни трупи во Украина

Катерина Ѓуровски

Макрон веќе не му се јавува на Путин

Макрон: Училиштата ќе бидат немилосрдни во забраната за носење муслиманскa абаja

Макрон: Да се ​​биде сојузник на САД не значи да се биде нивни вазал

(ВИДЕО) Париз како депонија: На пензиската реформа на Макрон се противат и ѓубреџиите