Макрон: Иранскиот нуклеарен договор треба да успее

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека мора да се постигне успех во разговорите за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу светските сили и Иран, земајќи ги предвид интересите на регионалните партнери, вклучително и Израел.

– Мораме да го заштитиме овој (нуклеарен) договор со Иран. И да ги земеме предвид интересите на нашите пријатели во регионот, пред се на Израел, изјави Макрон на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Јаир Лапид.

Според Лапид, повикот упатен од Макрон во 2018 година за потребата од „нов нуклеарен договор“ со Иран е се уште валиден.

Извор:МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски