Макрон и Путин разговараа за односите НАТО-Русија и за Мали

Од:

Претседателите на Франција и Русија, Емануел Макрон и Владимир Путин денеска разговараа за неодамнешните предлози на Москва за односите со Западот во Европа, како и за ситуацијата во Мали, соопштија Елисејската палата и Кремљ.

Францускиот претседател, кој неодамна ја откажа посетата на Мали поради епидемиолошката ситуација, планираше да разговара со властите во Бамако за руската група платеници Вагнер, која важи за блиска до Кремљ.

Француските власти сметаат дека некои членови на таа група почнале да се распоредуваат во Мали.

Кремљ од своја страна соопшти дека Путин го информирал Макрон за работата на „руската дипломатија во зајакнувањето на стабилноста и безбедноста на европскиот континент“.

Москва во петокот презентираше предлози за два договора, кои ги вклучуваат барањата на Русија за намалување на тензиите, пред се поради Украина, а едниот е наменет за САД, а другиот за НАТО.

САД и Европа ја обвинуваат Москва дека распоредува војници на границата со Украина и дека постои можност за воена интервенција, што Русија во неколку наврати го негираше.

Би можело да ве интересира

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски