Макрон и Џонсон разговараа за Брегзит

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска разговараше со британскиот премиер Борис Џонсон, изјави официјален претставник од кабинетот на Макрон, без да прецизира за што точно разговарале.

Од друга страна, портпаролот на Џонсон изјави дека британскиот премиер му рекол на Макрон дека британските власти ќе продолжат да работат на обезбедување договор пред самитот, кон крајот на неделава.

Запрашан да ја коментира изјавата на главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, дека правниот текст треба да биде комплетиран до крајот на денот, портпаролот рече дека Џонсон е свесен за временскиот рок.

Тој додаде дека Џонсон, доколку се обезбеди договорот, очекува Парламентот да работи нон-стоп за да ги донесе потребните закони за излез на Велика Британија од Унијата на 31 октомври.

Би можело да ве интересира

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии