Макрон го повика Израел брзо да ја истражи смртта на новинарката на Ал Џезира

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика Израел брзо да ја спроведе истрагата за смртта на палестинската новинарка убиена минатата недела за време на израелската рација на окупираниот Западен Брег, соопшти денеска Елисејската палата.

Долгогодишната новинарка на Ал Џезира, Ширин Аклех, беше убиена минатата среда, а нејзината смрт и насилството на израелската полиција врз Палестинците кои беа во нејзината погребна поворка два дена подоцна го предизвикаа бесот на палестинците на и на меѓународната заедница.

„Претседателот рече дека е потресен од смртта на Ширин Абу Аклех и го повтори ставот на Франција дека истрагата треба брзо да се спроведе“, соопшти кабинетот на францускиот претседател по телефонскиот разговор меѓу Макрон и израелскиот премиер Нефтали Бенет.

Израел и Палестинците водат одделни истраги за смртта на новинарката и продолжуваат да даваат спротивставени изјави за причините за нејзината смрт.

Палестинците го обвинуваат Израел за убиството на новинарката и бараат меѓународна реакција, додека Израел ја негира одговорноста за нејзината смрт и тврди дека Абу Аклех очигледно била случајно погодена при размена на оган меѓу Израелците и Палестинците.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски