Макрон го осуди апсурднотo утврдување на цената на струјата во Европа со цената гасот

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, на крајот од самитот на Г7 во Германија, го осуди, според него, апсурдното индексирање на цените на струјата, што силно придонесува за бранот на инфлација и создава неразумен вишок профит за операторите.

dobivaj vesti na viber

-Растот на цените низ Европа е данок однадвор што доаѓа преку гасот и струјата од почетокот на војната во Украина и парите на даночните обврзници не се наменети да го компензираат овој данок однадвор, инаку тоа е бесконечен систем што ќе не осиромаши, рече шефот на француската државата на прес-конференцијата, јави дописникот на МИА.

Покрај штитовите поставени од есента 2021 година за цените на енергијата, кои го чинат скапо државниот буџет, тој повика на промена на правилата за работа на пазарот на електрична енергија, вклучувајќи ги и цените што историски се индексираат во Европа со цените на гасот.

Поради овој систем, „има вртоглаво растечки цени на струјата кои веќе немаат никаква врска со трошоците за производство на струја, тие го следат гасот, тоа е апсурдно, што значи дека има играчи, на пример во обновливите извори на енергија, кои остваруваат тотално неразумен вишок профит во текот на овој период“, смета Макрон.

-Искрено, тоа се Шадокс, низ што поминуваме, додаде тој.

„Ние ги трошиме парите на даночните обврзници за да се обидеме да му помогнеме на истиот даночен обврзник како потрошувач да се справи со зголемувањето на цените, кое доаѓа однадвор, на нафтата и гасот. што не ги произведуваме, а што е поврзано со војната“.

Шадокс се ликови на анимирана серија со намерно апсурден хумор, емитувана во Франција од крајот на 1960-тите.

Соочени со оваа ситуација, смета Макрон, објективно најдобриот одговор е да се намалат нејзините куповни цени.

Тој ја потенцира неговата поддршка за напорите преземени од страна на Европската комисија на почетокот на јуни и за желбата што ја најавија земјите од Г7 за ограничување на цената на нафтата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон за рефернедумите: Ќе беше смешно да не е трагично

Макрон за Кралицата Елизабета: Беше механичарка и возач на брза помош во Втората светска војна

А1он

Трамп тврди дека има информации за сексуалниот живот на Макрон, ги дознал од „тајни“ служби

А1он

Националниот совет за обнова Макрон ќе го смести во Националниот центар за рагби

А1он

Макрон ја повика МААЕ да испрати мисија во Запорожје што е можно поскоро

Макрон ја обвини Русија дека е една од последните колонијални царски сили