Макрон ги повика Путин и Ердоган на прекин на огнот во Сирија

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика претседателите на Турција и Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин, да ги прекинат непријателствата во Сирија и да договорат траен прекин на огнот.

Во одвоените телефонски разговори со двајцата претседатели Макрон изјавил дека е длабоко загрижен заради можната хуманитарна катастрофа предизвикана со сириската офанзива во Идлиб, пренесуваат британските медиуми.

„Претседателот истакна дека итниот прекин на огнот е неопходен и ги повика Русија и Турција да воспостават траен и проверлив прекин на огнот како што беше договорено со Франција и Германија на самитот во Истанбул во 2018 година“, соопшти Елисејската плаата.

Макрон, исто така, изрази жалење заради смртта на турските војници во Сирија и ја повика Турција да соработува со ЕУ на мигрантското прашње.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск